"Ваго-Петрол" започнува со работа во далечната 1990 година. Од тогаш наваму имаме пречекано голем број на задоволни гости и целиме кон тоа нашите услуги уште повеќе да ги подобриме. Хотелот Ваго располага со соби за хотелско сместување. Располага со 24 соби и 3 апартмани. Од кои 5 еднокреветни, 7 двокреветни и 14 трокреветни. Сите соби се опремени со  бања, клима, ТВ, мини-бар, телефон. Исто така располага и со три сали од кои едната има капацитет за 220 гости, втората за 180 и третата за 80 гости. Организира голем број на домашни и странски организации, свадби, модни ревии, матурски, семинарски, екскурзии, приватни забави и др.

Посебно планираниот распоред на собите и посебниот влез во хотелот, придонесува Вашиот одмор да го поминете во мир, тишина и интимна атмосфера.

Во секое време во хотелот на располагање Ви стои персоналот, за сите ваши потреби.

Ценовник:

Еднокреветна соба: 1000,оо денари/ден*

Двокреветна соба:   1000,оо денари/ден*

Трокреветна соба: 1000,оо денари/ден*

Апартман: 1500,оо денари/ден
 

*Цените се за едно лице

Специјална понуда за групен престој. Цена по договор.

Нашиот втор објект Мотел Ресторан "Ваго 2" располага со 10 двокреветни соби

Нашиот вешт и љубезен персонал секојдневно ја очекува вашата посета. Одморете се и уживајте во прекрасниот амбиент и вкусно припремената храна во климатизираниот ресторан. Воедно истиот можете да го користите за разни свечености, семинари, советувања и конгреси. Ексклузивитетот е гарантиран од наша страна. На вас преостанува да дојдете и да се уверите.